MK ENG

Срѓан Шапер
основач на I&F McCANN Grupa

Срѓан Шапер е основач и претседавач на  I&F McCANN Grupa, една од водечките мрежи за маркетингшки комуникации во југозападна Европа и Нордискиот регион со активности во 12 држави.

 

Срѓан Шапер е познат и како основач и член на групата ВИС Идоли којашто го започна Њу Вејв правецот во музичката сцена на поранешна Југославија. По музичката кариера, тој навлегува во светот на маркетинг. Пред формирањето на агецнијата Меккен, работи како креативен директор, продуцент на тв рекламии директор за СМ Дело, Борба, Идолс енд Френдс (Idols & Friends), Огивли и Матер (Ogilvy & Mather) и Сачи и Сачи (Saatchi & Saatchi). Во 1997г. Срѓан го потпишува договорот со Меккен Ворлдгруп (McCann Worldgroup) и отвара агенции во Белград и Скопје. Во следните години, Срѓан основа агенции во други земји од Балканскиот регион и денешниот систем успешно работи во 12 држави во јужна и северна Европа. Сите агенции, членки на  I&F McCANN Grupa, се дел од најголемата комуникациска мрежа во светот, Меккен Ворлдгруп (McCannWorldgroup) и обезбедуваат интернационално искуство и локална експертиза преку својот целосен спектар на маркетинг услуги.

Во текот на 25-те години искуство во маркетинг и комуникацискиот сектор, Срѓан Шапер стана еден од водечките експерти за овие полиња во регионот. Исто така, тој е една од најистакнатите јавни личности и активен придонесувач во светот на бизнисот и културата во современа Србија.

Срѓан Шапер е предавач на пост-дипломските студии на Универзитетот за Уметност во Белград и честопати покануван како предавач и главен говорник на различни меѓународни конференции за маркетинг и комуникации.

Во последниве неколку години, тој учествува во различни одбори на јавни и деловни институции, како и хуманитарни и непрофитни организации.

Srdjan Saper - I&F McCANN Grupa